Касија Ленард си го одзеде животот недела после раскинувањето на врската со фудбалерот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, пренесуваат светските медиуми.

Безживотното тело на Ленард било пронајдено во станот кој најверојатно бил во сопственост на фудбалерот.

25-годишната Ленард според пријателките тешко го пребродила разделување со фудбалерот и се самоубила на шестиот роденден од сопствениот син Ноа, која го имала од претходната врска.

Боатенг експресно се врати во Германија, откако отпатува со „баварците“ на Светското клупско првенство, кое се одржува во Катар.

 

OhridNews