Роберт Енке, 32-годишниот голман на Хановер и на германската репрезентација починал во вторник, соопшти Мартин Кин, претседател на неговиот матичен клуб. 


Според Ројтерс, германската полиција издала соопштение дека Роберт Енке загинал во налет на воз, додека портпаролот за агенцијата изјавил дека сите индиции наведуваат на тоа дека станува збор за самоубиство.

Енке кариерата ја започна во Крал Цајз Јена од Јена,во својата кариера бранел и за Борусија Менхендгладбах, Бенфика, Барселоа, Фенербахче и за Тенерифе.