Започна рушењето на една од најстарите станбени згради во Охрид, позната како полициската зграда, која се наоѓа на улицата Јане Сандански.

Овој објект бил изграден во средината на шеесеттите години од минатиот век.



Наскоро ќе се руши и приватната куќа која се наоѓа до оваа локација.

На нивно место, според урбанистичкиот план на градот, е предвидено да биде подигната повеќекатна зграда која ќе биде  само десеттина метри оддалечена од веќе постоечка зграда, изградена исто така во шеесеттите години.

Ohridnews