Кокошка во Шри Ланка родила пиле без да положи јајце, јавила московската медиумска куќа Гласот на Русија. Пилето било родено здраво и целосно формирано, но кокошката умрела од внатрешни повреди при раѓањето.

Според ветеринарите, оплодената јајна ќелија за 21 ден се развила во пиле. Веста за живороденото пиле дала повод локалните медиуми да се пошегуваат со повеќевековната тема на филозовскиот парадокс на пилето и јајцето. Фразата која се појавила во насловот на веста гласела „Пилето е постаро од јајцето“.