Една жителка на Индонезија родила бебе тешко 8,7 килограми кое се наоѓа во добра здравствена состојба и покрај ризичното породување. Момчето кое сеуште нема име родено е со царски рез во државната болница на островот Суматра. Гинекологот кој го извршил породувањето вели дека операцијата била многу тешка бидејќи бебето било долго 62 сантиметри. Додал и дека плаче многу погласно од останатите бебиња и дека стално е гладно.
Мајката не одела на редовни контроли во текот на бременоста, а бидејќи болувала од дијабетис бебето достигнало многу поголем раст од нормалниот. Таа веќе имала три деца кои гога се родиле тежеле по околу 4 килограми. Нејзиниот син е најголемото бебе некогаш родено во Индонезија.