Најголемото бебе некогаш родено во Бугарија тежи седум килограми, а се родило неодамна во болницата во Бургас.

Момчето било долго 55 сантиметри. Неговата мајка Анка Христова има дијабетес, па лекарите веднаш и препорачале да се породи со царски рез, што во овој случај било неизбежно.


Таа изјавила дека се поминало во најдобар ред и дека целата гардероба која ја купила за бебето морала да ја подари. Лекарот Стефан Миринчев рекол дека бебето е толку големо најверојатно поради дијабетесот на мајката.