Еми Сингли и Стивен Смит се „запознале“ уште далечната 1986 година бидејќи биле родени на исти ден во истата болница во Пенсилванија, а одлучиле да се венчаат оваа година. Нивните мајки биле во иста соба во болницата на одделението за породување, а по породувањето децата продолжиле да се дружат.


Тие заедно пораснале и оделе во исто училиште. Официјално врската ја започнале во втора година средно училиште. Пријателите отсекогаш им зборувале дека се судени еден за друг. Својата врска одлучиле да ја крунисаат оваа година.