Во светот има помалку од 20 тигри без шари кои живеат во заробеништво. Но шестмесечната женка на бенгалски тигар е единствена родена во дивина без карактеристичните црни шари. Нејзиниот брат и сестра имаат шари. Таа живее близу Кејптаун во склопот на една програма за зачувување на овие ретки животни.
Малата тигрица се родила за Божик. Чуварите морале да чекаат шест месеци за да се уверат дали навистина нема да има шари. Повеќето Бенгалски тигри се одгледуваат во САД од еден мажјак кој го уловиле во далечната 1950 година. Белите бенгалски тигри не се албино. Тие имаат изразито сини очи. Живееле во Северна Индија се додека не ги истребиле.