Британецот Ендрју Вардл иако е роден без пенис поради редок дефект, спиел со повеќе од сто жени. По раѓањето 15 пати бил опериран во Лондон како би му бил преместен меурот каде што би требало да биде како би можел да врши нужда со помош на цевка. Дури кога станал тинејџер, започнале неговите вистински маки, бидејќи во пубертетот започнале да го привлекуваат девојки. Рекол дека на 17 години имал девојка, а кога нивната врска станала сериозна и кажал за неговиот недостаток. Немале нормални сексуални односи и останале заедно четири години.

После раскинувањето на врската започнал да патува по Европа и воедно да се дрогира. По клубовите редовно пронаоѓал девојки. На некои им кажал дека нема пенис, на некои не. Спиел со повеќе од сто жени и сите биле задоволни. Откако започнал да има се потешки психички проблеми, неговата сестра одлучила да му помогне и го одвела кај пластичен хирург, кој му рекол дека може да му направи пенис. Тој рекол дека од раката ќе му земе дел од кожата и мускулот и на тој начин ќе му вгради пенис.