Персоналот во породилиште во Калифорнија деновиве имаал тешка задача. Помогнал на свет да дојде бебе тешко 6,3 килограми. Бебето е големо колку просечно дете од 6 месеци.

Бебето било родено со царски рез, а за да се извади од стомакот на мајката биле потребни двајца лекари.


Но бебето сега има проблем. Долго е 54 сантиметри, а целата облека што родителите ја подготвиле му е мала. Локалните трговци им излегле во пресрет на родителите и им ја замениле облеката за неколку броја поголема.

Иако бебето има мали потешкотии со дишењето, лекарите тврдат дека и тоа и мајката се чувствуваат одлично.