-Сигурно не е едноставно да се концентрираш само на натпреварот. Целата македонска јавност знае дека сакам да си заминам од Лацио, но сега сакам да и се посветам на репрезентацијата, а Лацио едноставно не ме интересира. Ова за мене лично е историска шанса да ја израдуваме Македонија, а за клупската кариера ќе размислувам по настапот за репрезентацијата, ни изјави Пандев.
Неофицијално, доколку контровернзиот претседател на Лацио, Клаудио Лотито се согласи, Пандев уште утре ќе биде фудбалер на калчо шампионот Интер. Лацио ќе добие отшета од 14 милиони евра плус Марко Матераци. Доколку Лотито продолжи да тера инает и не го ослободи Пандев, постои можност тој да потпише пред договор со Интер каде би се преселил во јануари, се разбира за помала отштета.
Дали ќе се оствари некое од овие сценариа ќе покажат следните часови.