Со изградбата на канализациона мрежа се решава деценискиот проблем на жителите од  Горно и Долно Лакочереј. Денес на увид на градежните работи за проектот кој финансиски е поддржан од Општина Охрид, помал дел и со средства од Министерството за животна средина, беа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова е многу знаечен проект за Горно и Долно Лакочереј, а во перспектива и за Орман, за околу 6,5 илјади луѓе кои живеат тука и проект кој се ветувал изминативе 30-тина години ќе биде завршен. Ние како локална самоупрва уште со самото доаѓање првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари. Преку 22 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 8 милиони се добиени од страна на Министерството за животна средина. Ова е начинот на кој покрај овој проект и со други за кои се разговарало ќе делуваме во иднина, а кои се од суштинско значење за граѓаните. Се надевам за брзо ќе го завршиме овој проект и луѓето конечно ќе можат да имаат канализација. Станува збор за тридецениско побарување и решавање на нивните суштински проблеми, рече градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.

Потенцираше дека во рамки на денешните активности ќе биде извршен увид на неколку тековни проекти, проекти кои се завршени и проекти кои ќе отпочнат во делот на Касарната.

За понатаму ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата „7-ми Ноември“ и уллицата „Гоце Делчев“. Тие се едни од поголемите проекти од кои едната улица ќе биде завршена до почетокот на летната сезона, а другата „Гоце Делчев“ ќе биде ставена во функција пред почетокот на летната сеозна и ќе продолжи по завршување на летната сезона, додаде Пецаков.

Мицкоски истакна дека  за изградба на канализацијата во Лакочереј децении се ветувало нешто кое не било направено.

Започнуваме како што кажа и градоначалникот со овој посебен настан за жителите на ова населено место, бидејќи со децении се ветувало нешто кое што не било направено, но еве сега благодарение на Кирил Пецаков, благодарение на оваа општинска администрација, мнозинството во Советот, овој проект започнува да се реализира. Финансиските и технички параметри ги слушнавте од градоначалникот, сепак се направија вонсериски напори би рекол чудо, Општината Охрид да се одблокира и да може самата да после две и половина години инвестира во ваков тип на проекти. Вредноста е како што слушнавте е околу 30-тина милиони денари, од кои што 22 милиони денари Општина Охрид ги обезбедува од сопствени средства, што е многу значајно. Исто така слушнавме дека уште едно јавно претпријатие „Нискоградба“ се облокира и ќе може и тоа слободно да работи, да инвестира. Нема како, а да не го искажам своето задоволство бидејќи ова се навистина чекори и политики кои што водат во развој, враќање на доверба кај граѓаните и враќање на доверба кон институциите, истакна Мицкоски.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски