–Со оглед на обемот на активности и бројот на вклучени волонтери во активностите, се наметна потреба од преуредување на просторот со кој располагаме, ни изјавија од Црвениот крст. Со реконструкцијата ќе се добие поголема конференциска сала, како и други простории неопходни за подобро функционирање на организацијата. Покрај ова ќе биде променета и старата дограма на објектот. Се очекува реновирањето да биде завршено за неколку недели.
Се реновира зградата на Црвениот крст