Во тек се активности за реновирање на зградата на Територијалната противпожарна единица во Струга, информираат од Општина Струга.
Се работи на реновирање на зградата на Територијалната противпожарна единица Струга, поточно зградата однадвор и системот за греење-ладење. Секогаш со цел за подобри услови за вработените во оваа единица како и подобри услуги за граѓаните на Струга, потенцираат.
Инвестиција е дел од IPA CBC проектот Албанија – Северна Македонија. Прeтходно, во рамки на проектот беше поставено централно греење во просториите на ТППЕ Струга, веднаш по завршувањето на главната активност за поставување сензори за откривање пожари во шуми и планини, инсталирани во Струга и Либражд (Албанија), како партнер на овој заеднички проект.
OhridNews