Ј.П.”Охридски Комуналец” ги продолжува инвестиционо-проектните активности поврзани со Градските гробишта. Во моментов се врши реновирање на управната зграда во градските гробишта со цел оформување на функционална целина која ќе ги задоволува потребите на вработените и граѓаните.


Во тек е и адаптирање и изградба на нови работни простории за работниците од градежната група и групата задолжена за одржување на гробиштата, кои простории се наоѓаат надвор од управната зграда.

OhridNews