После околу 45 години, започна реновирање на Одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид.
Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид претставува Регионален центар за општа и специјалистичка интернистичка патологија која се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти кои имаат честа потреба од хоспитализација. Последниот пат Одделот бил реновиран во 1978 год. и поради тоа, отпочна комплетно реновирање, вклучувајќи осовременување на болничките соби, работни простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешна столарија, велат од Болницата.
Потенцираат дека иницијатива за реализација на овој проект е на раководителот на Одделот за внатрешни заболување и пнеумофтизиологија Д-р Виолета Целеска со голема поддршка на директорот на Установата, д-р Асен Шајн.
За таа цел се издвоени 2.900.000,00 ден од сопствена сметка и 1.300.000,00 ден. се добиени како донација од опшествени одговорни компании кои ќе бидат наменети за замена на надворешната столарија. Преку реализација на овој проект, се стремиме кон подобрување на квалитетот на здравствени услуги и условите за работа, намалување на ризикот за интрахоспитални инфекции, истовремено зголемувајќи го задоволството на пациентите, имедицинскиот персонал и подобрување на енергетската ефикасност, додаваат од Болницата.
OhridNews