Во тек е реконструкцијата на спомен-чешмата на паднатите борци во село Белчишта. Со реконструкцијата ќе се изврши санација и уредување на споменикот изграден пред повеќе од триесет години.
Дел од средставата се обезбедени преку Програмата за обезбедување на средства за уредување и одржување на спомениците на паднатите борци за 2015 година преку Министерството за труд и социјална политика, а останатите средства се од буџетот на Општина Дебрца.
Исто така партерно ќе се уреди просторот околу споменикот кој е во непосредна близина на седиштето на општина Дебрца.
OhridNews