Новиот објект кај пречистителната станица во Враништа што е дел од проектот за рехабилитација на пумпнитте станици на колекторскиот систем  „Охрид- Исток“ денеска свечено ќе биде пуштен во употреба.

На церемонијта ќе се обратат градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на Струга Рамиз Мерко и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на свеченоста во употреба ќе биде пуштен и новиот наплатен центар на МЈП „ Проаква“. Наплатниот центар се наоѓа во зградата на „ Фати- трејд“ што се наоѓа до дирекцијата на МЈП „ Проаква“ во Струга.

OhridNews