Советниците на одржана итна седница дадоа согласност за отстапување на корисничкото право врз земјиштето во Плаошник во интерес на државата, односно Министерството за култура.

Ова следува по пристигнатиот допис до Локалната самоуправа од страна на државниот правобранител на РМ, Заводот за заштита на културни споменици и Завод и музеи – Охрид, со кој по итна постапка се бара регулирање на имотно- правните односи за оваа локација. Се со цел идната недела да биде поставен камен- темелникот на Свети Климентовиот унивезритет.


Имено, сопственик на земјиштето на Плаошник е Република Македонија, а до сега правото на користење го имаше ЈП Комуналец. Со отстапувањето на правото на користење, се дава можност на почетокот на идната недела, како корисник на  земјиштето, во катастарот  да се впиши Министерството за култура.

Ова го правиме затоа што и наша желба е да се изгради унивезритетот на Плаошник, без разлика што сметаме дека парите од државниот буџет не се трошат по приоритет. И покрај тоа, ниту една инвестиција во Охрид од страна на државата нема да ја спречиме. Напротив, како Локална самоуправа, ќе помогнеме да се реализира, рече градоначалникот Александар Петрески.

Т. К.