Редуцираниот возен ред на градско-приградските линии во Охрид

Со цел да се минимализира протокот на патници, а сепак да се услужат патниците кои одат и се враќаат до и од работните места во општината, сите превозници кои возат во градско-приградскиот сообраќа во Охрид, „Галеб“ АД Охрид, „Ина П Компани“, „Експрес Димакс“ и „Бале Турс“, почнувајќи од 16 март, понеделник, ќе ги редуцираат локалните линии.

Молиме за разбирање од страна на патниците, бидејки сите се наоѓаме во една сериозна и специфична ситуација. – стои во заедничкото соопштение на охридските автопревозници.

„Галеб“ АД Охрид, уште известува дека поради познатите случувања со коронавирусот, исто така од 16 март, понеделник, па се до завршување на владините рестриктивни мерки, нема да ги одржува линиите за Белград, Кочани и Скопје преку Битола.

Засега остануваат активни 4 линии за Скопје преку Кичево, информира „Галеб“.

OhridNews