Охриѓанецот во редовите на Хоризонт Турново, Валентин Кочоски е прогласен за играч на колото во спортскиот весник „Македонски спорт“.

Признанието го заслужи по феноменалната престава во Тетово против Ренова каде неговата екипа триумфираше 3-2. Тој постигна еден погодок од слободен удар и беше движечка сила на екипата.

Покрај наградата за најдобар фудбалер во весникот има посветено текст за 17-годишниот фудбалер кој потекнува од охридската фудбалска школа.

Сезонава младиот охриѓанец во Турново игра како позајмен фудбалер од фудбалската Академија на Пандев и запиша осум настапи на кои реализираше два погодоци.

Мх.П.