Македонската ватерполо-репрезентација претпре пораз од Турција со 9-6 во меч за пласман од 7. до 12. место на Европското првенство во Загреб, Хрватска.
Турција со предност се стекнаа во првиот период кој го решија во својата корист со 2-0, ние вративме во вториот со 2-1, израмнето се играше во третиот 3-3, а во одлучувачкиот последен период го добија со 3-1 за конечен триумф.
Во нашиот тим најпрецизни беше Бркиќ со 3 гола, додека по еден постигнаа Бениќ, Рачуница и Босанчиќ.
По стартната победа против Русија, следуваа пет порази во низа кои не сместија на дното на континеталниот собир.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com