Над стотина атлетичари ќе земат учество на јубилејниот 25. Oхридски атлетски маратон кој традиоцинално се одржува на денот на македонската независност 8 Септември.
Патеката долга 30 километри ќе стартува кај караулата кај Св Наум а целта е на градското пристаниште. Маратонците ќе имаат седум освежувачки станции, шест низ патеката и една на целта. За време на трката ќе ги прати возило на медицински центар, а на стартот и на крајот ќе има тимови кои ќе ги прегледаат и ќе дадат зелено светло за нивен настап.
– Овогодинешното издание на маратонот ќе биде едно од најмасовните. Покрај главната трка, на градското пристаниште ќе има неколку трки за пионерите од охридските основни школи. Апелирам да охриѓани и граѓаните кои ќе бидат во Охрид, до дојдат во што поголем број да му дадат посебен шмек на маратонот – рече директорот на трката Влатко Димитров.
И покрај тоа што е пократок од стандардниот Охридскиот маратон е еден од потешките за маратонците, бидејќи се трча на нагорнините вдолж охридското крајбрежје.
– Имаме многу нови маратонци кои ќе се борат за најдоброто место.Имајќи ја во предвид конкуренцијата очекувам на оваа трка да биде соборен рекородот на Борислав Девиќ од СР Југославија кој изнесува 1:39,13 минути – истакна Димитров.
На целта се очекува да се појават брителот на трофејот шпанецот Роиг, потоа победникот на скопскиот маратон Тамаш Тот од Унгарија, како и вицепрвакот Нилс Стрик од Холандија.Во женска конкуренција трката се очекува да ја предводи победничката на Прашкиот маратон Светлана Шепелева од Молдавија потоа Лучија Кимани, kенијка со босанско државјанство, Раиќ Марија од Хрватска, Ида Ковач од Унгарија и други.
Македонската експедиција која ќе брои околу дваесетина учесници ќе ги предовди Ѓорѓи Трендафилов кој 2008 година заврши како третопласиран.
Стартот на трката е во 10 часот , а почетокот ќе го означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, првите натпреварувачи на целта кај хотелот “Ривиера“ се очекуваат околу 11:30 часот, прогласување на победници ќе биде од 14:30 до 15:00 часот.
Годинава охридскиот атлетски маратон беше на работ на откажување откако организаторите не беа во можност да ги соберат потребните финасии за одржување на трката.
– И оппштината и федерацијата ни излегоа во пресрет но не со целиот износ. Овај маратон има долга традиција од 1976 година, на ние од оргазнизционот одбор со тешки маки дотеравме до ова 25 издание на овај маратон. Не сакавме да се повтори 1993 година кога поради финансиски проблеми беше откажан маратонот – рече Пецо Неданов од АК Охрид.
Во изминатите две години во склоп на атлеtскиот маратон се одржуваше и војниот маратон, кој годинава е откажан и нема да се одржи.
Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската ...
Во среда не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона Ова е многу важен натпревар за двете екипи Имаме неколку повредени играчи Се над...
Се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.