Дури откако се развеле на крајот на 2009-та година, Јан и Ли Џонс од Велика Британија свфатиле дека не можат еден без друг. Повторно се венчале шест седмици подоцна во друштво на своите десет деца. Се развеле за вообичаени проблеми кои ги уништуваат браковите, како на пример парите. Се запознале 1989-та година, а се венчале една година подоцна. Јан имала син од минатиот брак, а заедно добиле уште девет деца.
Се обиделе да го спасат бракот, но не успеале. Одлучиле да се разведат и да видат како ќе им течат животите понатаму. Останале во добри односи поради децата. Откако се развеле, Јан се чувствувала како да и недостига еден дел од животот. Му пратила порака на Ли и разговарале долго во ноќта. Се запрашале зошто го прават сето тоа кога се сакаат и одлучиле да се обидат уште еднаш. Успеале да организираат мала венчавка на која присуствувале 35 луѓе.