Ирскиот пејач Ронан Китинг се придружуил на славните личности кои не успеале да ја заржат брачната идила. Пејачот и неговата сопруга Ивон одлучиле да го прекинат својот брак кој траел 14 години. По се изгледа неговата сопруга не можела да ги преболи неговите неверства. Аферата на пејачот била откриена пред две години, но изгледало дека парот успеал да се смири.

Аферата со танчерката Френсин Корнел се случила на турнејата на групата Бојзон. Пејачот продолжил да се гледа со танчерката седум месеци после тоа, се додека неговата сопруга не открила провокативни фотографии во неговиот мобилен. Ивон била скршена поради неговото неверство, но сепак одлучила да му прости. Во последниве две години се обидувале да го сочуваат својот брак, пред се поради нивните три деца, но по се изгледа не успеале.