Една Индијка побарала развод бидејќи сопругот не и дозволувал да ги гледа омилените сапунски серии. Поради тоа секојдневно се карале четири години. Конечно одлучила да им стави крај на кавгите со развод. ТВ сапуниците се голем хит меѓу домаќинките во Индија.


Семејниот суд, прифаќајќи ја молбата одлучил дека мажот ги започнувал кавгите. Се развеле, а незадоволниот сопруг сега правдата ја барал на Високиот суд. Жената добила и старателство над нивното шестгодишно дете. Неговите адвокати тврдат дека тврдењата на сопругата се лажни и дека се дел од секој современ брак.