Еден Саудиец, според локалните медиуми се развел од сопругата со смс порака. Тој од Ирак и пуштил порака во која пишувало дека повеќе не му е сопруга, а потоа на телефон известил двајца свои роднини.
Судот го потврдил разводот, прв во Саудиска Арабија објавен по пат на смс, кога двајцата роднини ја потврдиле одлуката на сопругот. Во Саудиска Арабија се применува строг облик на исламскиот шеријатски закон, а судии по судовите се исламските свештеници. Според законот мажот може да се разведе од сопругата ако три пати ја изговори реченицата “се разведувам од тебе”.