Денис Родман, некогашниот кошаркарски ас и неговата сопруга Мишел дефинитивно се развеле откако осум години се обидувале да го спасат бракот. Иако повеќе пати раскинувале и се смирувале, Денис и Мишел сепак се развеле. Мишел Родман првобитно документите за развод ги поднела во 2004 година, а по неколку неуспешни обиди за помирување, тоа повторно го направила во 2012.
Судските списи покажале дека Денис ги потпишал сите неопходни документи за развод, но битката и понатаму продолжила поради 800 илјади долари, колку што барала неговата сопруга за издржување на децата. Некогашната ѕвезда на суд рекла дека не е во можност да ја плати таа сума и навел дека е тешко болен, без пари и дека е неспособен да ја искористи својата репутација, како што тоа го правел во славните денови на кошаркарскиот паркет.