Еден маж од Саудиска Арабија побарал развод откако сопругата го нарекла магаре со кое може да се управува.
На жените во Саудиска Арабија им е забрането да возат автомобили, но некои од нив се обидуваат да управуваат со своите мажи, барем така сметаат некои од мажите.
Саудијката со своја пријателка разговарала за својот маж, опишувајќи го како слабак. Наводно, рекла дека може да го води со јаже како магаре.
Сето тоа би останало мала тајна помеѓу две дискретни пријателки, доколку жената која претходно телефонски разгоаврала со својот маж, не заборавела да ја спушти слушалката.
Нејзиниот сопруг слушнал се што рекла таа, и побеснел, па побарал развод.
На сопругата и испратил порака во која пишувало „Се гледаме утре на суд“.
Судијата донел одлука за развод на бракот.