Бројот на разводи во Пекинг оваа година е зголемен за повеќе од 40 проценти во однос на минатата година, бидејќи паровите се обидуваат да избегнат плаќање данок на имот, воведен во март, известиле кинеските медиуми. За девет месеци во оваа година, во главниот град на Кина се развеле речиси 40 илјади парови, што е за 41 процент повеќе во однос на истиот период лани.

Кина во март го зглемила данокот на добивка при продавањето на недижност од два на 20 проценти. Меѓутоа, доколку недвижноста има два сопственици, и доколку тие се во брак па се разведат и еден од нив го препише имотот на другиот, недвижноста може да биде продадена без плаќање данок, а парот потоа може повторно да се венча. Бројот на разводи расте и во другите кинески градови, а експертите укажуваат на поврзаноста на тој проблем со локалниот пазар на недвижности.