Уште еден холивудски пар е пред развод. Том Круз и Кејти Холмс одлучиле да стават точка на заедничкиот живот и да се разведат, јавиле светските таблоиди. Кејти документите за развод ќе ги поднесе веднаш, а причините за нивното разделување сеуште не ги знаел никој.
Иако ја имаат ќерката Сури, актерката ќе ги спакува куферите и ќе го напушти заедничкиот дом. Медиумите јавуваат дека Том бил тој кој го отворил прашањето за развод, така да Кејти со ќерката наскоро ќе се пресели во нов стан. Популарните актери сеуште не ги демантирале овие наводи, но и не ја потврдиле оваа вест, но се очекува наредниве денови да се обратат до јавноста и да ја разјаснат целата ситуација. Том Круз и Кејти Холмс се венчале во 2006 година.