Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата долгогодишна партнерка Камила Паркер Боулс се разведуваат, објавил британскиот таблоид “Gloub”. Таблоидот соопштил дека парот одлучил да ја прекине врската бидејќи веќе подолго време не се согласувале.
Чарлс и Камила се венчале 2005 година по долгогодишна врска, а доколку се разведат ќе мораат да го поделат имотот вреден 300 милиони долари. Британскиот кралски двор сеуште не издал официјално соопштение за случајот.