Принцот Чарлс одлучил да се разведе од Камила Паркер Боулс бидејќи премногу пие, пишува списанието Глоуб и додава дека овој кралски пар веќе подолго време има брачни проблеми. Чарлс наводно и замерил на Камила за распуштеното однесување, а темпераментот на неговата долгогодишна љубовница го излудува. Инаку, Камила веќе го уценувала Чарлс дека ќе се раздели од него доколку не се избори да ја наследи својата мајка Елизабеа на кралскиот престол.
Списанието потсетило дека кралицата Елизабета не ја поднесува својата снаа која ја опишува како срамотна личност. Шпекулациите отишле толку далеку што се проценува дека Камила од разводот ќе добие 350 милиони, до можеби, една милијарда фунти.