Нивниот брак е еден од најдолговечните во светот на забавната индустрија, но според вестите во медиумите Ози и Шерон повеќе не живеат заедно и не се гледаат веќе со недели, а нивните пријатели стравуваат дека наскоро може и да се разведат.
Тие се одселиле од својата куќа на Беверли Хилс и сега живеат на две различни адреси во ист кварт. Ози изнајмил куќа, а Шерон живее во хотел додека се реновира нивниот дом.
Музичарот и неговата сопруга не се виделе веќе три недели, а од неодамна не ги носат ни венчалните прстени.
Но, сите наводи за проблемите и можниот развод ги демантира портпаролот на Шерон велејќи дека имаат премногу работа, а немаат никакви проблеми во бракот.