Миранда Кер и Орландо Блум се разведуваат после три години брак. Познатата манекенка и шест години постариот актер го имаат две и пол години стариот син Флин, а последен пат биле видени заедно на Бродвеј на почетокот на октомври. Првите гласини за проблеми во нивниот брак започнале да кружат на почетокот на годинава, кога поранешниот ангел на Викторија Сикрет неколку пати бил виден без бурмата. Меѓутоа, кога Миранда и Орландо и покрај тоа заедно се појавувале во јавноста и разменувале нежност, сите мислеле дека приказните за нивните несогласувања се неточни.
Сепак, се воспоставило дека каде што има чад има и оган. Имено, тие во последниве месеци не живееле заедно и сега и официјално решиле да стават точка на нивната љубовна приказна која траела вкупно шест години. Иако на нивниот брак е крај, парот се разделува во добри односи. Тоа го потврдува и нивната заеднчика изјава за јавноста, дека и понатаму двајцата се поддржуваат и почитуваат еден со друг.