Во последно време холивудските парови многу често се разведуваат, најпрво Деми Мур и Ештон Качер, па Џони Деп и Ванеса Паради, Том Круз и Кејти Холмс.
Уште еден славен пар, Мелани Грифит и Антонио Бандерас, моментално се соочува со огромни брачни проблеми кои би можеле да ги доведат до развод.

Веќе некое време кружат гласини дека на Мелани многу и пречат флертувањата на Антонио со други жени, а неодамна на улица е фотографирана без бурма на раката.

“Тоа ќе биде многу лош развод, бидејќи во прашање се многу пари, 50 милиони долари“, вели една пријателка на актерката.
“Мелани е во хаос. Не само што постои опасност да ја изгуби љубовта на својот живот, туку  и нејзината кариера е готова“, истакнува пријателката, додавајќи дека односите помеѓу актерите се влошиле откако на фестивалот во Кан Антонио флертувал со две убави девојки.

“Љубомората со години ја јаде, и не верувам дека и понатака може да живее во страв дека тој ќе ја изневери“, додава пријателката.

Мелани и Антонио се во брак од 1996 година, и ја имаат 15 годишната ќерка Стела.