После шест години брак, пејачката Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник Кенон се разведуваат. Иако веќе некое време се шпекулира за тоа, сопругот на поп ѕвездата ставил точка на понатамошните нагаѓања и потврдил дека на нивната љубов и дошол крајот.
Добро упатени извори тврдат дека сопружниците во последно време постојано се карале и дека веќе извесно време не живееле заедно. Велат дека Ник повеќе не можел да поднесе сопругата да го третира како слуга и постојано да го покорува со некои барања.