Актерите Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс се разведуваат после 12 години брак, тврди американскиот таблоид „National Enquirer„. Иако портпаролот на славниот пар ги демантирал тие тврдења, добро известен извор раскажал дека Мајкл се иселил од куќата бидејќи им била потребна пауза, а Кетрин со сите сили се обидувала да го сочува бракот. Таблоидот тврди дека бракот е пред крај поради притисоците предизвикани од битката на Мајкл со ракот, затворската казна на неговиот син Камерон, но и поради тоа што Кетрин е во депресија.
Како што рекол изворот, Мајкл се иселил од семејната куќа во која живеел со Кетрин и нивните две деца Дилан и Керис. Мајкл рекол дека нему и на Кетрин им е потребна пауза, и дека многу би се израдувал доколку би имал на располагање малку простор и време за себе.