Еден од најпопуларните парови на светот Ким Кардашиан и Кање Вест рашириле приказна дека моментално работат на второ дете, а извор за медиумите рекол дека поднеле документи за развод на бракот. Последните седум месеци им биле премногу тешки поради однесувањето на Кање кој морал се да контролира, а Ким достигнала „точка на вриење“ кога била оставена од својот сопруг на Денот на благодарноста.

 

Наводно, раперот не присуствувал на празничната вечера на Кардашианови, туку отпатувал во Париз со пријателите. Ким била бесна што неа и ќерката ги оставил за празниците и што кај семејството морала да се појави сама. Риалити ѕвездата е толку бесна поради сето тоа што околу разводот се консултурала со адвокат, јавуваат медиумите.