Еден од наизглед најскладните славни брачни парови, супермоделот Хајди Клум и пејачот Сил ќе започнат бракоразводна парница наредната седмица. Медиумите пренеле дека германската убавица ќе поднесе барање за развод поради непремостливите разлики кои се појавиле помеѓу нив.
Популарниот пејач Сил својата десет години помлада сопруга ја запросил во декември 2004 година и тоа во игло. Во брак се околу десет години и имаат три деца.