Амал Клуни е спремна да стави точка на бракот со холивудскиот срцекршач Џорџ Клуни и тоа само 15 месеци после венчавката. Таа, како што пренесува добро упатен извор, е незадоволна со брачниот живот, и се плаши дека го изгуби работниот кредибилитет откако стана госпоѓа Клуни. Имено, таа мина неколку дена во Лондон, каде со пријателите уживаше во ноќни излегувања и алкохол, а извор кој се најде во друштво на адвокатката откри дека Амал е незадоволна од брачниот живот и дека се почесто утеха наоѓа во алкохолот.

 

Изворот открива дека кога испила малку алкохол почнала да зборува за својот брак и се чинело дека и е лесно кога Џорџ не е во нејзина близина. Била незадоволна бидејќи немала време за самата себе. Според истиот извор, таа сега живее во неговиот свет и чувствува притисок да остане во блажена состојба. На сето тоа се додаваат и проблемите во нејзината работа, бидејќи се плаши како луѓето не ја сваќаат сериозно како претходно.