Американските таблоиди на своите насловни страни ја пренесуваат веста за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли после речиси десет години врска и помалку од една година брак. „InTouch“ пишува и дека Бред би можел повторно да го посети својот адвокат за разводи, со оглед на тоа што неговиот брак е во проблеми. Наводно проблемите започнале токму со венчавката, а во последниве месеци нивниот однос дополнително се влошил. Извор за таблоидот тврди дека парот својот развод ќе го објави до крајот на оваа година. Причина за чекањето е промоцијата на нивниот заеднички филм “By The Sea”, на чие снимање и започнале проблемите.

 

Освен тоа, сметаат и дека би можеле да добијат некоја награда за филмот кој го режира Џоли, и во кој обајцата глумат. Непознат соговорник тврди дека разводот го иницирал Бред. Тврди дека тој барал крај и дека и рекол на Анџелина дека се готови. Бил несреќен и сакала да излезе од тој брак. Наводно на се пресудиле особините на Анџелина кои најмногу ги сакал на почетокот. Според него, таа го контролирала од првиот ден на врската. Иако тоа на почетокот му се допаѓало, почнал да и замерува за моќта која ја има врз него. Познатиот пар до крајот на годинава ќе се појавува заедно пред очите на јавноста.