Познатиот актерски пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс на почетокот на оваа година добија дете, и се чинеше дека нивната љубов цвета. Сепак, доколку може да им се верува на медиумите, тоа се само маска за јавноста. Како што пренесуваат американските таблоиди, сопружниците кои се во брак од 2012 година водат одвоени животи. Извор близок до парот открива дека тие потполно се раздвоиле. Обајцата се фокусирале на своите кариери и немаат време еден за друг.
На почетокот Блејк била зафатена околу детето, дидека Рајан снимал филм во родната Канада. Сепак, изври тврдат дека далечината не е единствениот фактор кој влијае на нивната врска. Велат дека постои големо ривалство кога е во прашање кариерата. Рајан би сакал неговата сопруга постојано да е дома, а таква жена сигурно не е Блејк.