Американското списание ОК пишува дека Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат после 16 години брак и дека тоа ќе биде развод вреден милијарда долари. Како што пишува списанието, Викторија наводно веќе ја отстранила и тетоважата посветена на нивната венчавка. Списанието тврди дека откако со години работеле на подобрување на меѓусебниот однос, не пронашле друг излез од ситуацијата во која што се нашле. Но, документите за развод сеуште не ги потпишале бидејќи моментално се презафатени со своите кариери, но сакаат се да биде што е можно подискретно.

 

Парот веќе минуваше низ брачна криза во 2004 година, кога се тврдеше дека Дејвид ја изневерува Викторија, но тој тоа го негираше. Бекамови немаат предбрачен договор, што би можело да доведе до проблеми при разводот. Последното нешто на светот кое Викторија и Дејвид сакаат е да го оштетат своето царство – богатство, наведува списанието. Парот има четири деца. Се запознаа во 1997 година, а се венчаа во јули 1999 година.