Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се пред развод, јавуваат американските таблоиди. Извор близок до семејството открил дека Барак побеснел кога Мишел одбила да го откаже скапото патување во Кина, и покрај предупредувањата на советниците дека во шест години во Белата куќа потрошиле премногу пари на луксузни патувања.
Добро известени извори велат дека оваа кавга била со големи размери. Најверојатно и најголема откако се во Белата Куќа. Изворот тврди дека Барак и Мишел буквално врескале еден на друг. Барак ја замолил Мишел да го откаже патувањето, но таа одбила. Откако ја запрашал зошто со себе ја водела и нејзината мајка, почнала да вика на него велејќи му дека е среќен што не го оставила после „срамното селфи“ со данската премиерка па го избркала од собата.