Актерскиот пар Џени Гарт и Петер Фачинели се разведуваат по 11 години заеднички брачен живот. Парот во заедничка изјава порачал дека иако одлучиле да се разведат обајцата делеле еднаква љубов кон децата. Замолиле да ја почитуваат нивната приватност во тешките моменти и додале дека заедно ќе бидат посветени кон одгледувањето на нивните прекрасни ќерки.
Џени Гарт станала славна со улогата на Кели во популарната серија “Беверли Хилс“, додека Петер Фачинели е попознат како Карлајл Кулен, лекарот од филмскиот хит серијал „тwilight saga“. Имаат три ќерки, а се запознале на снимање во 1996 година. Се венчале пет години подоцна.