По девет години брак актерот Расел Кроу и неговата сопруга Даниеле Спенсер одлучиле да се разведат. Добитникот на оскар кој има 49 години и пејачката која има 43 години имаат две деца на возраст од 6 и 8 години, над кои старателството ќе го добие мајката.
Семејството живее во Австралија, а Расел моментално престојува во САД каде го снима својот најнов филм. Оваа вест за разделувањето на парот за кој се сметало дека е еден од ретките во филмската индустрија кој ужива во стабилниот однос, го потресла австралискиот свет на шоубизнисот. Парот се венчал во 2003 година на имотот на Кроу во Нов Зеланд.