Патрик Демпси има голем проблем со егото, вели пријател на парот. Џилијан Финк поради тоа побарала развод од холивудскиот атктер. Актерот кој има 49 години и неговата сопруга Џилијан објасниле дека одлуката да стават крај на бракот била заедничка. Додале дека децата и понатаму ќе им бидат на прво место.

 

Доктор Дерек Шепард од „Вовед во анатомија“ и Џилијан се во брак 15 години. Барањето за развод го поднела сопругата. Побарала заедничко старателство над децата а од Демпси очекува да плаќа алиментација за децата и секој месец неа да и исплатува надомест. Патрик и Џилијан немаат предбрачен договор. Богатството на актерот се проценува на 40 милиони долари.