Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ одлучила да се разведе. И тоа не би било ништо необично, ниту е прва или последна која става точка на бракот, а несекојдневно е тоа што се разведува од поранешниот сопруг. Инаку, Памела во јануари се омажи за Рик Соломон, со кого веќе беше во брак. Првиот пат кога се венчаа беше во октомври 2007 година, а се разведоа по само два месеца, додека пак вториот пат кога се венчаа беше во јануари оваа година.
Во овој случај се воспоставило дека „компирот не чини кога е подгреан“, бидејќи поранешната зајачица ги предала документите за равод на 3 јули, а како причина за разводот навела „непремостливи разлики“.