Ни еден од најдолговечните бракови во Холивуд, помеѓу Мерил Стрип и Дон Гамер, не успеа да се одбрани од презафатеноста на еден од партнерите и приказната за неверство. После безмалку 36 години брак, Мерил Стрип и Дон Гамер одлучиле да се разделат. Славниот пар не се огласил по повод оваа тема, но веќе извесно време кружат гласини за неверства на актерката.

Се почнало кога во биографијата на Џек Николсоно било откриено дека легендарниот актер имал афера со Мерил Стрип за време на снимањето на драмата „Ironweed“. Тројната оскаровка тогаш била во брак со Гамер. Од друга страна медиумите, како причина за разводот, ја наведуваат и окупираноста на актерката со кариерата. Неименуван извор изјавил дека Дон ја молел малку да забави и да одвои време за семејството. Се венчале на 30 септември 1978 година. Имаат четири деца, еден син и три ќерки.